Времето денеска ќе биде сончево, малку посвежо со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северозападен ветер. Потоа следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Во недела ќе се врати повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително но не и подолготрајно спуштање на температурата се очекува од среда, информира УХМР Македонија.
OhridNews












