Охрид вечерва ќе биде домаќин на едно од најголемите имиња на светската електронска сцена. Во клубот Rebel за првпат во Македонија ќе настапи бразилскиот диџеј и продуцент Victor Ruiz, чиј хипнотички техно звук го одбележа настапот на најреномираните светски фестивали и клубови, меѓу кои Awakenings и Time Warp.
Вечерта ќе ја збогати и белгиската техно легенда Marco Bailey, кој како специјален гостин ќе приреди несекојдневен House сет, носејќи поинаква музичка приказна од онаа по која е препознатлив на светската сцена.
Организаторите најавуваат уникатен спој на хаус и хипнотик техно, музичка комбинација што ретко се случува и на најголемите европски фестивали.
Настанот започнува вечерва во 22 часот, а поради големиот интерес и најавеното присуство на гости од Македонија и регионот, се очекува исполнет подиум до раните утрински часови.
Rebel Ohrid и ова лето продолжува да ја носи светската електронска сцена на Охридската ривиера, претворајќи го градот во една од најатрактивните летни дестинации за љубителите на електронската музика.
OhridNews













