Во рамки на фестивалот “Охрид те сакам” концерт ќе одржат македонскиот виртуоз на кларинет Васко Дуковски  и Верица Шотаровска  на пијано.

Со својата виртуозност и мек звук македонскио кларинетист ја воодушеви публиката и стручната јавност низ Европа и САД освојувајки голем број први и специјални награди меѓу кои и првата награда на интернационалниот “Вудвин” натпревар во Стара Загора Бугарија, “Jeunnese” во Романија (специјална награда), Андреас Маркис во Колорадо-Форт Колин (прва награда).

Концертот на Дуковски и Шотаровска ќе се одржи вечерва со почеток во 20 00 ч. во големата сала на општина Охрид.

Влезот е слободен!

Ohridnews