Повторно промена на датумот на почеток на авиолиниите на релација Охрид-Меминген. Откако веќе еднаш беше извршена промена на терминот од 1-ви на 26-ти јули, од она што сега може да се види во календарот при купување карти, датумот на стартување е 2-ри август. Па така, повторно извисија оние патници кои купуваа карти за крајот на јули, како и оние кои претходно имаа купено карти, но поради промена на термините, беа принудени да ги одложат за подоцна.

  • Картите за Меминиген ги купивме уште во јануари кога ги најавија летовите за Охрид дека ќе почнат на 1 јули. Пред две недели ненадејно дојде до менување на дестинациите на купените карти од страна на компанијата, која потоа преку мејл понуди враќање на пари или пролонгирање на летовите за од 26 јули. Ги променавме нашите планови, па решивме да патуваме на 26 јули кога ќе е првиот лет за Охрид од Меминген (Германија). Сега повторно, без никакво објаснување, на купената електронска карта дестинацијата наместо Меминген е Базел, а датумот кој може да се види на календарот на Виз Ер за реализација на првиот лет е 2 август, велат патници.

И понатаму, официјално известување од авиокомпанијата за причините поради кои два пати беше одложен почетокот на летовите Охрид- Меминген, нема.

 

Летовите Меминген-Охрид наместо од 1-ви, стартуваат на 26 јули,патниците принудени да бараат опции

Т.К.