На вчера одржаната седница, владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на пошумувањето на површините предвидени за акцијата „Ден на дрвото–засади ја својата иднина“ за есенскиот дел во 2017 година, со динамика и акциски план за реализација на истата.

Притоа, донесе одлука за престанок на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Владата го задолжи ЈП Македонски шуми да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од оваа акција.

Како што информираат од владата, идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“.

OhridNews