Преговорите во Владата меѓу министерот за образование Арбер Адеми и СОНК, кои инсистираат на поголема плата, завршија. Владата понуди зголемување на платите за 10% од месец април догодина, што заедно со сегашните 5% би биле 15%.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека предлогот допрва ќе биде разгледуван во Синдикатот, но тој лично смета дека секогаш може многу повеќе да се издејствува во преговорите.
Првиот човек на СОНК објасни дека за ова треба да решава синдикатот и нивниот одговор ќе се знае до крајот на неделава.
OhridNews