На предлог на Управувачкиот комитет за кризи, Владата донесе одлука да се прогласи кризна состојба во подрачјето на општина Македонски Брод и општина Чашка, бидејки во овие две подрачја веќе неколку дена има активни пожари.

-Анализирајќи ги сите информации, пред сè, од сите релевантни фактори и институции кои што се вклучени во справување со пожарите, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски Шуми, Министерството на земјоделство шумарство и водостопанство, односно Шумската полиција, донесовме одлука на владата со која што прогласивме кризна состоојба во подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка, која што ќе трае 30 дена од моментот на донесување на одлуката. Ова е со цел да можат во координирана акција сите институции на Република Македонија, да делуваат на состојбата за справување со пожарите и на еден поефикасен начин да се одговориме на оваа ситуација, бидејќи гледаме дека во наредниот период ќе имаме временски услови со високи температури, а со тоа и можнст за ширење на пожарите. Ова е една од мерките која што ќе гарантира безбедност за овие региони и успешно справување со овие пожари, до нивно целосно гасење. – изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој раководи со комитетот за кризи

На седница на Владата биле задолжени сите надлежни институции да се вклучат и да помогнат во делот со пожарите во овие две општини.

OhridNews