Владата денеска ја разгледа Информацијата и го усвои финалниот текст на Етичкиот кодекс за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од неа за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење.

Со овој кодекс се уредува почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нивните функции односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија, со цел јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа, информира Владата.

OhridNews