Со 76 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието на денешното продолжение на 53.седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес на патот на РМ за полноправно членство во НАТО алијансата.