Министерството за транспорт и врски реагираше на изјавите на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски за состојбата со Охридското Езеро, дадени за време на неговата посета на охридското село Пештани.
– Во Пештани во изминатите денови се спроведени голем број активности насочени кон превенција и заштита на граѓаните, а селото го посетија премиерот, министри и претставници на надлежните институции вклучени во Коорднинативното тело за справување со елементарни непогоди, со цел да се изврши увид на лице место и да се преземат потребните мерки за заштита, стои меѓу другото во реакцијата на Министерството за транспорт и врски.

– СДСМ сака да профитира од маката на граѓаните. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески ја остави општината и граѓаните на Охрид и замина во посета на Австралија, да посетува фудбалски натпревари и кафе барови, а со себе ги понесе и своите бизнис партнери – истакна Кипаризовска – Крстеска.
СДСМ возврати на обвинувањата со писмена реакција, во која се наведува дека Црвенковски го направил тоа што треба да го направи секој сериозен политичар што се грижи за граѓаните.











