Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува на патните правци Стража, Ѓавато, Буково, Крива Паланка деве Баир, кој не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews