Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец.
– Пријавениот, казненото дело го извршил на 23 јануари годинава во вечерните часови во куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид. Откако констатирал дека во куќата нема никој, со подесен алат и со примена на физичка сила, ја отворил влезната врата, влегол внатре и од дневната соба одзел еден саксофон марка „Селмер-Прелуде“ во црн куфер во кој имало и усник за „Алт“-саксофон марка „Јаганисава“ и еден кларинет Буфетерц“ во кафеав куфер, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 150.000 денари.
OhridNews












