Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува на оваа функција согласно доверениот мандат, велат од ВМРО ДПМНЕ, што следи како реакција по пишувањата на дел од медиумите за наводна започната постапка за повлекување на Никола Груевски од лидерската функција на партијата.

– Понатамошни и  идни чекори на партијата ќе бидат преземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, најголемото зло во државата е власта која ја носи државата во економската бездна и сиромаштија, а се другое дефокусирање од вистинските теми во државата како што е погазувањето на државните интереси во секој поглед, повисоките даноци, криминалот, стагнацијата на сите проекти.

OhridNews