Пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа изјави денеска на прес конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него Република Македонија во 21-виот век се случува политички прогон на оние кои што мислат, и чувствуваат поинаку, на оние кои што имаат различни политички убедувања. 

-За жал имаме ситуација во која што Македонија за само неколку месеци се врати во 1995-та година. Секој ден во главниот град Скопје има убиство, има убиства во Чаир кои што се нерасветлени, убиство во Аеродром кое што е нерасветлено, секој ден пљачки и разбојништва. Секој ден претепувања, секој ден небезбедност на граѓаните. Секој ден има запалени автомобили, пљачкање на банки. – рече Ѓорчев.

Тој истакна дека во земјата се создала атмосфера на страв во која што 60 дена наназад Едмонд Темелко е осуден на притвор.

-Тоа се 60 долги денови во кои што се вршеше тортура врз Едмонд Темелко затоа што станува збор за активист за човекови права, борец за македонските интереси. Единствен градоначалник надвор од територијата на Република Македонија, единствен градоначалник Македонец. Во таа атмосфера на страв на Едмонд Темелко ден по ден, рочиште по рочиште му беше продолжувано мерката притвор. Во оваа заробена држава Македонија, во која што царуваат убиствата во главниот град, рациите, несигурноста. Во петокот, пред само два дена на Едмонд Темелко му беше продолжен притворот за дополнителни 30 дена. И гледајте како одеднаш се менуваат работите, гледајте како одеднаш се менуваат одлуките. Истите оние кои што на болниот, на оневозможениот Едмонд Темелко во петок му прогласи уште 30 дена притвор, денес за неколку часа откако најавивме протест за Едмонд Темелко, откако јавноста се возбуди, истите оние кои што во петокот, пред два дена го изгласаа уште 30 дена притвор на Едмонд Темелко, денес велат оди во домашен притвор. – рече Ѓорчев, кој најави дека ВМРО ДПМНЕ на 3-ти декември ќе одржи голем протест против, како што кажа, сите неправди во земјата.

OhridNews