Со митинг што ќе се одржи вечерва на градскиот плоштад во Охрид, владејачката ВМРО ДПМНЕ ќе ја започне предизборната кампања. На митингот ќе биде претставена новата програма на партијата, насловена Манифест, како и кандидатите за пратеници во 5-та, Охридско-битолска изборна единица, каде носител е министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Пред охриѓани, членови и симпатизери на партијата кои се очекува да допатуваат од сите градови на државата, покрај носителот на листа и кандидати за пратеници, ќе се обратат и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, како и претставници на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.
Претходно карванот на ВМРО ДПМНЕ ќе мине низ повеќе населени места во охридско.










