Единствениот кандидат на СДСМ за пратеник од Охрид на прес конференцијата одржана вчера покажа колку е безидејна оваа партија, одговараат од ВМРО ДПМНЕ на прозивките што на адреса на најголемиот политички ривал ги упати кандидатот за пратеник на социјалдемократите Митре Велјаноски.
– Покажа дека никогаш ниту имале ниту ќе имаат програма за Охрид, покажа дека во 20 години СДСМ никогаш ништо капитално не направиле за Охрид и покажа дека освен ниско ниво на култура и однесување не можеме ништо друго и да очекуваме ниту од СДСМ ниту од нивниот единствен кандидат за пратеник од Охрид.
Охрид е град со традиции, град со култура на однесување, град со култура на говор, а за жал во СДСМ сеуште не го имаат достигнато тоа ниво, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, во која се наведува дека партијата ќе води чиста, достоинствена кампања без навреди и лаги.










