СДСМ пред граѓаните и хотелеирите се фали со успеси во туризмот со мерки на ВМРО ДПМНЕ, обвини денеска на прес конференција Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на УЖ Охрид.

Заев уверен изјави, цитирам: „Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања“. Со која мерка дојдовте до оваа бројка на туристи господине премиере? Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет? Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија на меѓународните саеми и кој е заслужен за постигнатата бројка на странски туристи со која денес се фалат? – праша Петкоска.

Таа истакна дека најавеното формирање на Туристичката инспкција било предвидено и изгласано уште на 76-тата седница на Владата, на 26 мај 2015 година.

Што се случи со планот за живот за 2018 година кога ветувавте модерен туризам, здравствен, спортски и каков уште не, со кои ќе се позициониравме како посакувана дестинација на туристичкиот пазар? Ќе го проширевте целниот пазар, здравствениот туризам ќе донесеше работни места за доктори, физиотерапевти, па нели ќе немаше потреба да бараме доктори од странство? Ќе инвестиравте во нови хотелски капацитети и Охрид во 2018 година ќе станеше конгресна дестинација. Од сето тоа граѓаните ништо не видоа и заслужено добивте една голема нула од нив. – рече Петковска.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упати честитки до припадниците на ромската заедница по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Ромската заедница со негувањето на ромскиот етнички и културен идентитет е нераскинлив дел од нашето македонско општество. Моделот на почитување на различностите е најголемата сила на Охрид и Македонија. Охрид исклучително го цени придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот во градот. Кохезијата меѓу заедниците, особено инклузијата на Ромите се задачи на сите граѓани. Најсрдечно Ви посакуваме убави празнични денови, многу радост, здравје и љубов. Нека е честити 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите! – се вели во честитката.

OhridNews