Владејачката СДСМ спроведува чиста изборна корупција и поткуп на гласачи преку масовни партиски вработувања во јавните претпријатија во очи вонредните локални избори, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Перчо Божиноски.

На денот кога се распишаа претседателските и локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран. Масовното вработување во јавните претпријатија непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни претпријатија. – изјави Божиноски.

Божиноски бара одговор од локалната власт што ја предводи СДСМ, дали зголемувањето на цената на водата пред една година  е извршено з ада се плаќаат новите партиски вработувања со пари на граѓаните?

СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни. Ветуваа дека нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ. – подвлече Божиноски.

OhridNews