Јасно е дека во Македонија функционира коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО- Народна партија, која има за цел- да се намали излезноста на овие избори и ВМРО- ДПМНЕ да освои помалку пратенички места и да се поигра со чувствата на симпатизерите и членовите на ВМРО- ДПМНЕ, ги изманипулира, како тие луѓе би гласале за некоја од помалите партии,  со цел Црвенкоски и понатаму да остане на политичката сцена, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски, како одговор на, како што тој рече, се почестите обвинувања упатени од страна на раководството на ВМРО- Народна партија. На денешната средба со новинарите него го придружуваше дел од членството со најдолг стаж во партијата.



– Му порачувам на членството од ВМРО- Народна партија дека ги чекаме со раширени раце и дека во секој момент имаат место во оваа партија, каде ќе бидат повеќе почитувани од колку што тоа ќе го прави Црвенкоски кој ги бркаше од работа, рече Николоски.

Рубенс Наумоски, поранешен пратеник и неколкугодишен претстадетел на ОК на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид, истакна дека и покрај бројните препреки на кои наидувал за целото време на постоење на партијата, никогаш не помислил да ја напушти.


– Член сум од 1992 година кога заедно со останатите направивме крупен потфат, ги рестартиравме месните комитети кои беа згаснати, при што започнаа да функционираат 36 месни комитети и со тоа создадовме услови за формирање на сегашниот општински комитет. Дел од тогашните членови, сега се дел од ВМРО- Народна партија и се ривали на основната ВМРО- ДПМНЕ. На дел од нив местото не им е таму, затоа што во ДПМНЕ се основачите и градители на партијата, рече Наумоски.

Пред јавноста се обрати и сегашниот советник во општина Охрид, Величе Маркоски.

– Пред една година, многумина мислеа дека можам да станам член  на советот од редовите на ВМРО- Народна партија или СДСМ. Се излагаа . И покрај бројните притисоци врз мене, јас можам да бидам само член од ВМРО- ДПМНЕ, како  и целото мое семејство кое има членски книшки од ВМРО- ДПМНЕ, истакна Маркоски.

OhridNews