ВМРОД ДПМНЕ на претстојните локални избори во Вевчани за кандидат за градоначалник го предложи актуелниот градоначалник Цветомир Угриноски.

-Општина Вевчани каде што имаме еден навистина исклучителен кандидат за градоначалник и поранешен градоначалник на оваа општината, кој една од најмалите општини Вевчани, успеа да ја стави на мапата на најголеми туристички и културни дестинации на државата, за што придонес има неговата досегашна работа и посветеност на подигање на условите за живот. –  рече на денешната прес конференција Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.


Цветомир Угриноски

Партијата денеска соопшти имиња на уште девет кандидати за градоначалници. За Прилеп, Извршниот Комитет го предлага Марјан Ристески, актуелен градоначалник на општината, за Брвеница, Стојан Тодороски долгодишен активист и претседател на Општинкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Демир Капија Трајче Димитриев, актуелен градоначалник, за општина Новаци Лазар Котевски, исто така актуелен градоначалник, за општина Ѓорче Петров, ВМНРО-ДПМНЕ ќе го предложи Владо Мисајловски поранешен министер за транспорт и врски, а општина Радовиш Сашко Николов, инаку актуелен градоначалник, а во општините Гостивар и Тетово актуелните пратеници Дафина Стојаноска и Горан Манојлоски.

-ВМРО-ДПМНЕ се водеше исклучиво според личниот и професионалниот капацитет на кандидатите, нивниот досегашен придонес, но и визијата за локалниот развој во општината во која се кандидира. Сите кандидати уживаат углед, кредибилност и поддршка помеѓу граѓаните што е гаранција за напредок и реализација на бројни проекти во интерес на локалната заедница. Кандидатите кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ со својата посветеност, одговорност и темелност кон работата ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, унапредување на комуналните услуги, подигање на нивото на квалитет на инфраструктурата и континуиран просперитет на општините кои ги водат или ќе ги водат во период кој што доаѓа. Доказ за тоа се обемните програми кои во соработка со граѓаните и со врвни експерти се изготвуваат, а кои ќе значат нови дела за сегашните, но и за идните генерации. – истакна генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

OhridNews