Што се однесува до градењето на спомениците, тоа е само еден дел од се она што Владата го прави. За нас е исклучително важно потенцирањето на историските вредности што ги има македонскиот народ, за разлика од СДСМ што тоа никогаш не го носела во срцето, стои во реакцијата испратена од општинската ВМРО- ДПМНЕ во врска со денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од СДСМ, Митре Велјаноски.

– Што се однесува на тоа дека Македонија е земја на живи луѓе, дегутатно е тоа да го кажува човек од СДСМ затоа што колку тие ги ценат сопствените сограѓани се гледа по изјавата на нивниот потпретседател дека ќе јадат живи луѓе, се вели меѓу другото во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews