Лидерот на СДСМ, Зоран Заев неможе да ја монополизира, присвои или пак наштелува вистината како што на него му одговара дури ни со овие креирани, сечени и монтирани материјали, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната „бомба“ на опозицијата, на која тема беше убиството на Мартин Нешковски.

Од владејачката партија истакнуваат дека дури и со овие креирани, сечени и монтирани материјали кои ги објавуваше Заев може да се констатира дека институциите на системот го пронашле сторителот на кривичното дело и го извеле пред лицето на правдата.

„И со овие креирани материјали се забележува дека институциите најпрво не биле свесни за постоењето на кривичниот настан затоа што немало пријава за истиот, дека по првичните оперативните сознанија веднаш се пристапило кон темелна и сеопфатна истрага за изнаоѓање на сторителот при што биле истражувани, анализирани и обработувани повеќе правци во истрагата како и во секој кривичен случај, дека се обезбедиле аргументи и докази и дека сторителот бил лоциран, обезбеден, го признал делото и бил изнесен пред лицето на правдата каде што потоа во соодветна законска постапка од страна на судот бил и правосилно осуден на 14 години затвор, стои во реакцијата.

 

OhridNews

Извор:„Макфакс“