Денес на градскиот плоштад, каде се одржа митингот на ВМРО- ДПМНЕ, се засадуваа нови цвеќиња. Како што истакна претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, со цел да се надомести она што беше уништено од страна на учесниците на митингот.


– Обвинети бевме дека бил уништен дел од зеленилото. Ние сме сериозна партија и затоа денес ги засадуваме сите вкупно пет цвеќиња кои присутните ги изгазија. Купивме повеќе кои ќе им ги оставиме на нашите политички противници, за да ги засадат по завршувањето на митингот кој тие ќе го одржат, рече Михаилов.


Тој потенцира дека приоритет на ВМРО- ДПМНЕ е Охрид туристички да се развива. 

– Дали штетата која беше направена може да се споредува со користа која ја имаше Охрид од присуството на 40. 000 граѓани кои зад себе оставија чист град и не направија ниту еден инцидент. Посакуваме еднаш неделно на градот да му се случува толкава посета и митингот на СДСМ да го посетат ист број на луѓе, додаде претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews