Во јавната дебата околу неопходноста на реформи во пензискиот систем, се вклучи и ВМРО Народна партија, која смета дека покачувањето на старосната граница или зголемувањето на придонесите за пенсиско осигурување, не се решение. Наместо тоа партијата предлага поинакво решение.

-Под итно да се укинат приватните пензиски фондови односно откажување од т.н втор столб и враќање кон единствен државно гарантиран пензиски систем. Сакаме да потсетиме дека оваа реформа со втор пензиски столб и беше наметната на Македонија но и на цела Источна Европа од страна на ММФ и Светската банка без никаква сериозна поткрепа во економијата. Денес во цела источна Европа се води дискусија за промашеноста на пензиските реформи,додека Романија е веќе во завршна фаза за укинување на овој тип наметнати решенија. – истакнуваат од ВМРО НП.

OhridNews