ВМРО – Народна партија од Охрид бара од новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква.

-Бараме ова меѓуопштинското јавно претпријатие да се раздели на три единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем како посебно јавно претпријатие односно под државна капа. Со раздружувањето на МЈП Проаква на трите единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем ефектот од работата би бил поголем. Покрај раздружувањето на претпријатијата Водовод Охрид и Водовод Струга, ВМРО – Народна партија бара формирање на ново Државно јавно претпријатие „Колектор”. Со тоа би се олеснила работата на МЈП “Проаква”, но и трошоците за струја, кои во најголем процент одат за одржување на колекторскиот систем. – велат од ВМРО НП.

ВМРО – Народна партија уште во 2009 година поднесе барање до тогашната влада за оваа работа, меѓутоа владата предводена од ДПМНЕ, како и за многу други наши предлози за Охрид немаше слух. Се надеваме дека новата влада ќе го разгледа овај наш предлог и ќе го прифати, стои во соопштението на ВМРО – Народна партија – Охрид.

OhridNews