
– Сакаме уште еднаш да ги потсетиме дека токму на темата паркинзи тие освоија најголем дел од гласовите на последните локални избори во 2013 година. Пред изборите, заради некоординираност, но и заради стравот од рејтингот Локалната самоуправа ги повлече точките, а оваа нивна идеја ја заокружуваат одма на првата наредна седница на Советот, велат од ВМРО-НП.
Оттаму, ја повикуваат локалната самоуправа да не ги дава паркинзите на приватен сопственик, туку таа да раководи со нив.
– Доколку нема целосна наплата, одговорност треба да си понесе менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Бидејќи е исплатливо, ги повикуваме тој систем за наплата да го внесат со кредитно задолжување на јавното претпријатие, што би се исплатило за само неколку години, додаваат од ВМРО-НП.
Потенцираат дека со ваквите одлуки губат Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, локалната самоуправа и граѓаните, а добива приватен сопственик.
OhridNews











