Во чест на Св. Димитрија празнична богослужба во храмот на светителот во стариот Охрид
07.11.26 14:11
Со богослужба во храмот „Св. Димитрија“ во стариот дел на Охрид утре, 8 ноември ќе биде одбележан празникот Свети великомаченик Димитрија (Митровден). Богослужбата ќе започне во 7:30 часот, а ќе служи отец Васко.
Годинашни кумови се Наум Шешов и Митко Димитровски од Охрид и Жаклина Серафимова од Скопје. Тие ги покануваат верниците да присуствуваат на богослужбата и заеднички, во молитва и празничен дух, да го одбележат денот на светителот кон кого се негува голема почит во Охридскиот регион.
Според црковното предание, Свети Димитриј бил роден во Солун и маченички пострадал поради својата непоколеблива вера во Христа, а пред страдањето го наменил својот имот за сиромасите. Неговиот празник, Митровден, во народната традиција го означувал преминот од летниот во зимскиот период, кога се прибирале плодовите и се исплаќала заработувачката на сезонските работници.
Храмот посветен на светителот се наоѓа недалеку од Горна порта, веднаш до Галеријата на икони, кај излезот од дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Се вбројува меѓу помалите охридски цркви изградени и живописани во XIV век, а неговиот фрескоживопис, распореден во три зони, е дело на непознат зограф со високи уметнички квалитети.
Регионални експерти, претставници на владините институции, шумарските институции, општините, академската заедница, граѓанското општество, развојните партнери и бизнисите поврзани со шумарството од ...
Променливо облачно По одделни котлини ќе има појава на утринска магла Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец Во Охрид времето денес променливо облачно Ќе дува умерен ветер ...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...