Во четврток, 22-ри јуни, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, ќе се одбележи доаѓањето на првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“, во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.
На настанот пред присутните гости и медиуми ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески; генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој; амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“, Габриела Манка Сокулу.
OhridNews












