Според прелиминарните резултати на ДИК во седмата изборна единица, која ги опфаќа гласачите во дијаспората, на гласање излегле само 5.980 гласачи, односно излезноста била 40,17%.

 

Од нив за ВМРО ДПМНЕ гласале 3.246 односно 54,28%, за ДУИ 875 односно 14,63%, за СДСМ 1.605 – 26,84%, и за ВМРО за Македонија 84 односно 1,40%.

Ова значи дена во новиот парламентарен состав, најверојатно нема да има пратеник од дијаспората. Според измените во Изборниот законик, пратеник од дијаспората, од Изборната единица 7 мора да има освоено најмалку 6.500 гласа.

OhridNews