Jazz Inn

Од 26.06.2019 - 22:00 до 27.06.2019 - 01:00

“Jazz Inn” во годината во која слави 30 години постоење, продолжува да приредува концерти со извонредни џез музичари. Оваа среда, 26 јуни, ќе биде вистинско уживање за љубителите на “Jazz Funk/Fusion” стилот, а изведувачите се “KABADAYAS”-џез квартет составен од Ѓоле Максимовски-електричен бас, Дино Милосављевиќ-тапани, Зоран Костадиновски-гитара и Гордан Спасовски-клавијатури.

На повеќето слушатели на џез музиката, музичарите им се добро познати, а во Џез Ин ќе имаат можност да присуствуваат на концертна промоција на нивниот втор албум “Од Понеделник”. Овој албум претставува совршен спој на македоската етно музика и џез фанкот.

Карти по цена од 200 денари може да се купат во Музичка продавница “ZZ Top” и во “Jazz Inn” или со резервација на тел: 078 201 491