Во кафе бар Галерија во Охрид, во среда, 28-ми јуни, ќе се одржи донаторски настан за собирање средства за транспорт на бездомното куче Роки кое ќе биде згрижено во Германија.

Со секој нарачан пијалак од 10 часот наутро па се до 23 часот, посетителите во кафе бар Галерија ќе донираат средства за оваа цел. Исто така ќе има и штанд на кој ќе се продаваат уметнички творби, исто така во донаторски цели.

Организаторите на настанот најавуваат и други изненадувања за посетителите.

OhridNews