По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, во сабота во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно – народен собир. Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 12 часот.
Црквата во Лагадин пред повеќе од години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.

Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите.

OhridNews














