Охрид во мај годинава го посетиле вкупно 40 269 гости, од кои 10 383 домашни и  29 886 странски гости, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најбројни биле туристите од Турција – 6 950, по кои следуваат од Србија – 3 852, Германија – 3 674, Грција – 1 578, Франција – 1 158… Во овој месец биле остварени вкупно 77 347 ноќевања од кои 20 076 од домашни, а 57 271 од странски туристи.

На ниво на држава во мај 131 723 туристи оствариле 236 727 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи. Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај се 34 681 од Турција, 9 578 од Германија, 7 605 од Србија и 4 858 од Бугарија.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС