Пороен дожд проселеден со засилен ветер вечерва го зафати скопскиот, кумановскиот и штипскиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува во текот на ноѓта врнежите полека да се намалуваат.

И во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Влажниот бран ќе предизвика значителен пад на температурата која во Охридскиот регион ќе достигне до 24 степени Целзиусови, но врнежи не се очекуваат.


Невреме во Србија – фото Блиц

Нестабилно време преовладува и во регионот. Медиумите во Србија јавуваат за големо невреме во регионот на Горни Милановац каде забележани врнежи од град, проследени со силен ветер и грмежи. Претходно силно невреме беснееше и во Хрватска.

OhridNews