Во период од 23 до 29 мај 2020 г. Центарот за јавно здравје Охрид зел материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 од вкупно 39 лица, во општина Охрид и Дебрца 26 лица, во општина Струга и Вевчани 10 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 3 лицa.

Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 3, Дебар и Центар Жупа 3), а 20 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 7). Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 2 лица, a од општина Струга 8 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19. –  информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Состојбата со Ковид 19 во регионот изминатите 7 дена

Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 44 лица, во Струга се 56 лица. Активни случаи во Охрид се 6, а во Струга 11. Во Охрид има 1 пациент на домашно лекување и 1 хоспитализиран, а во Струга 4 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани. Оздравени пациенти има 2 од општина Охрид и 1 од општина Струга. Во овој период починато е 1 лице од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до денес, 30 мај, абораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 152 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа од кои на 23 лице во општина Охрид и Дебрца, 79 лице во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 52, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти. Нема починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 16, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица. – соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews