Во Охрид ќе се гради нов музеј за вредното црковно богатство
07.06.14 22:25
По серијата тешки кражби во изминатите години, кога од православните храмови во охридско, струшко и дебарско беа украдени голем број икони и реликвии, меѓу кои и моштите на светците Кирик и Јулита кои се чуваа во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на Охрид, Дебарско – кичевската епархија ќе гради музеј во кој ќе се чува и заштитува вредното црковно богатство.
-Тоа ќе биде поголем музеј на ниво на епархија во Охрид. Во тек е изработка на проект кој е во завршна фаза и се надеваме дека во текот на оваа или идната година со господ напред ќе го реализираме. –изјави митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Реализацијата на овој проект е од исклучително значење, бидејќи во новиот музеј треба да се депонираат највредните икони и значајни артефакти од црквите во Дебарско – кичевската епархија.
Синоќа во 23:03 часот во СВР Охрид, 60-годишен охриѓанец пријавил дека на ул„Марко Нестороски“ во Охрид, бил физички нападнат од едно лице кое излегло од возило „BMW“ со струшки регистарски ознаки ...
Од денеска во Македонија е во сила зимското, односно стандардното сметање на времето Ноќеска во 3 часот стрелките на часовниците беа вратени еден час наназад, на 2 часот, со што заврши летното смет...
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.