Во куќата на Уранија во Охрид, денеска, ќе биде отворена 50-та јубилејна Школа по природно право.
На школата учество ќе земат еминентни предавачи од земјава и странство меѓу кои амбасадорот на САД Џес Бејли, академиците Таки Фити, Владо Камбовски, Георги Старделов, Абдулменах Беџети, правниците Светомир Шкариќ, Борче Давитковски, Никола Тупанчески, Гордан Калајџиев, Елена Мујоска Трпевска, судијата во Врховниот суд Лидија Неделкова и други.
Теми на школата се „Демократијата и владеењето на правото“; „Устав, владеење на право и човекови слободи и права“; „Демократија и политички партии“ и „Независно судство“.
OhridNews












