Претставници на преработувачките капацитети и на Здруженијата на преработувачи на овошје и зеленчук од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина учествуваат во работата на Регионалната конференција на преработувачите на овошје и зеленчук што се одржува во Охрид.
Идеата на дводневниот собир е преработувачите на овошје и зеленчук да се сретнат и да ги согледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка, но и можностите за користење на европските фондови за научно-истражувачки проекти, проекти со регионален предзнак, во рамки на новата финансиска програма на ЕУ.
Сашо Ристески, извршен директор на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук, појасни дека на собирот во Охрид ќе бидат презентирани и современите трендови и движења во однос на продажбата на преработките на овошје и зеленчук и тоа на големите пазари, особено на оној на ЕУ, потоа чекорите и начините на кој заедничката соработка може да се преточи во посериозни проекти што ќе бидат финансиски поддржани од ЕУ.
OhridNews
„МИА“












