Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид моментно во изолација се 135 лица (Охрид-35,Струга-89,Кичево-11). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 87 контроли.

Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 46 лица (Охрид-18, Струга-20, Кичево-3, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 37 контроли (Охрид-12, Струга-18, Кичево-2, Дебар-5).

Полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 104 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-26, Струга-03, Кичево-75).

Во изминатото деноноќие, тие констатирале 33 прекршоци за неносење заштитна маска на лицето (Охрид-1, Струга-7, Кичево-6, Дебар-19), информира СВР Охрид.

OhridNews