Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. Максималите дневни температури ќе бидат во интервал од 24 до 31 степен.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 25 степени.

И во вторник во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време, велат од УХМР.

OhridNews