Скопскиот градски Парк, е упориштето на последната битка, во рамките на втората натпреварувачка фаза помеѓу Работнички и АМАК СП. Со позитивни серии и ведро расположение двата противника го пречекуваат директниот дуел за третата позиција.
Охридскиот АМАК СП покажа во досегашниот дел од првенството дека екстрамотивирано влегуваат во мечевите против фаворитите, па таква престава се очекува и во Скопје.
За потсетување “езерџиите“ во втората фаза на два пати го совладаа шампионот Струмица, еднаш лидерот Фени Инд. и еднаш Работнички. По долга пауза во тимот се врати и Дамјан Стојаноски кој својата шанса ќе ја чека од клупата.

После дожд, доаѓа сонце. Вака наједноставно би се опишала ситуацијата во нашиот најтрофеен клуб. По неверојатната серија од пет порази по ред, во моментов се наоѓаат во серија од 5 победи по ред. Подигната е самодовербата, атмосферата во екипата е одлична, а навикнати се да играат под притискот кој го носи фаворитската улога .

Во досегашниот дел од шампионатот Работнички има предност од 2-1. Евентуален триумф би значело, во колку вкрстат меѓусебе во плеј оффот „шпедитерите“ би влегле со 1-0 предност.

Натпреварот Фершпед Работнички – Амак СП се игра во салата “Градски парк“ во Скопје во 19.00 часот ( МТВ пренос).

Судии се Марјан Стојовски, Александар Милојевиќ и Роберт Митровски, а делегат е Антонио Угринов.

На останатите натпревари играат:

Фени Инд – С Пелистер (Кавадарци, сала “Јасмин“ – 19.30 часот).
Вардар О- Струмица  (Скопје, СРЦ “Кале“ – 19.30 часот).

6 април (недела)
К Соколи 2000 – Мзт Фон  (Скопје, сала “Градски парк“ – 18.00 часот).