СВР Охрид, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.


Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, младиот охриѓанец на 11-ти мај, околу 1 часот, на локален пат во селото Песочан, општина Дебарца, предизвикал сообраќајна незгода во која со свое патничко возило удрил во електричен столб и избегал.
По преземени мерки, лицето е пронајдено при што, полициските службеници констатирале дека не поседувал дозвола за движење во време на полициски час, издадена од надлежен орган.

OhridNews