Во месноста „Суво поле“, атарот на Вевчани, вчера во 14 часот, настанал пожар во кој на една парцела целосно изгореле 1500 костенови насади и 200 ореови насади, сопственост на фирма.

  • Пожарот зафати уште една парцела со 14 ореови насади и двеста метри црево од систем за наводнување „капка по капка“, дадени под концесија на фирма од Вевчани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пожарот бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. По овластување на Јавен обвинител , на местото на пожарот увид направи екипа на полициските станици од Струга.

OhridNews