Од Авто-мото сојуз на Македонија информираат дека поради штрајк на грчките царински служби, сообраќајот е во прекин за секаков вид на преминување на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци.

Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред:

ГП Богородица од 06:00 часот на 19.10.2017 до 06:00 часот на 20.10.2017
ГП Меџитлија од 06:30 часот на 19.10.2017 до 06:30 часот на 20.10.2017
ГП С.Дојран од 05:00 до 23:00 часот на 19.10.2017.

OhridNews