Во петок, 16-ти јуни, во 20 часот во Галеријата Робевци ќе биде отворена изложбата Интаглио. Изложбата Интаглио ја сочинуваат дела графики од авторите на графичкото студио Принт Нест од Софија, Бугарија.
Станува збор за шест млади автори од Македонија и од Бугарија кои имаат основано свое студио во Софија, автори кои ги негуваат традиционалните графички техники.
Изложбата е наречена Интаглио според техниките кои го поврзуваат заедничкото творештво на овие автори.
OhridNews












