Во организација на Женски центар „Бисера“ и оваа година ќе се одржи традиционалната хуманитарна тортијада, вечер исполнета со слатки креации, креативност, дружење и, пред сè, хуманост.

Ги покануваме сите слаткарки од Охрид и околината да ни се придружат! Дојдете, учествувајте и збогатете ја оваа посебна вечер со вашите слатки ремек-дела! Ве очекуваме да бидеме заедно, да уживаме во слатките вкусови и да подариме добрина!, порачуваат.
„Тортијадата“ ќе се одржи на 14 ноември (сабота) во хотел „Ривиера“ Охрид со почеток во 19:00 часот.
Цена на влезниците и вечера е 1200 ден.
OhridNews











