Во познатото излетничко место Скребатно, денеска по четврти пат се одржа традиционалната манифестација „Ѓомлезијада 2012“.


Манифестацијата која има натпреварувачки карактер, беше збогатена со културно-уметничка програма.


Организатор на „Ѓомлезијадата“ е Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид од каде истакнаа дека традиционалните јадења како што е ѓомлезето, треба да бидат дел од туристичката понуда на градот и дека локалното население треба да понуди квалитетен производ кој ќе ги привлече гостите.


Градоначалникот на Охрид истакна дека општината сериозно  размислува да го брендира ѓомлезето, кое е традиционалниот охридски специјалитет.

-Ние ја разгледуваме таа иницијатива која треба да ја реализираме заедно со Здружението на занаетчии, истакна Петрески.


Првата „Ѓомлезијада“ се одржа во 2009 година во Велестово, минатата година ѓомлезе се подготвуваше во Лакочереј, додека во Скребатно манифестацијата се одржува по втор пат. Според најавите ова прекрасно излетничко место ќе остане традиционален домаќин на оваа манифестација.

OhridNews