Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода што се случи вчеравечер кај планинскиот премин Стража, поради што имаше прекин во одвивањето на сообраќајот, се повредени четири лица.

Сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од 27-годишно лице од Тетово и патничко моторно возило „Киа Спортаж“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 54-годишно лице од Скопје. По незгодата четворица повредени со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, а потоа и во комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде им е укажана лекарска помош.