Денес, околу 7.30 часот на патниот правец Демир Хисар-Кичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар.

При несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле и учениците. На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.

OhridNews