Утре на 29 април, сабота, со почеток во 10 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи 15-та регионална Фолклорна ревија на песни, музика и игри.
На ревијата ќе настапат Културно уметнички друштва од Здруженијата на пензионерите од градовите, Охрид, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Гостивар, Вевчани, Лабуништа и домаќинот Струга. Ансамблите ќе настапат со староградски и изворни народни песни и игри. Најдобрите три фолклорни групи ќе бидат избрани за учество на Републичката фолклорна ревија која во почетокот на јуни ќе се одржи во Скопје.
Ревијата за отворена ќе ја прогласи претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргироски.
OhridNews












